Актуелниот шампион на Македонија перфектно го заокружи првиот дел од ракометната Суперлига на Македонија, откако вечерва во натпревар од последното 14. коло групата А во салата „Нико Нестор“ славеше над домашната Струга со 23-34.
„Вардарци“ уште од самиот старт ја покажаа разликата во квалитет и веќе по 30 минути игра имаа предност од 10-16. До крајот разликата само се зголемуваше за конечни 23-34.
Дури четворица ракометари на победникот завршија со по пет гола (Талески, Манасков, Чувара и Моралес), додека кај поразените Никола Цветаноски заврши со осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА