Во домашниот фудбалски шампионат денеска се очекува заверка на „есенската титула“.
Лидерот, екипата на Вардар денеска го игра својот последен дуел есенва, во рамките на 16. коло од ПМФЛ. Триумф против тимот на Македонија ЃП на гостински терен од 13 часот ќе значи и презимување на лидерската позиција.
Секако, од „сенка“ чека тимот на Струга ТЛ кој што чека кикс на Вардар, а во обид да дојде до победа над Тиквеш на гостувањето во Кавадарци, денеска во истиот термин од 13 часот.
„Свесни сме за ситуацијата во која што се наоѓаме. Знаеме добро што значи овој дуел за клубот, за нас како екипа, за навивачите, за сите. Затоа сме максимално подготвени. Нема дилеми дека во овој дуел ќе се влезе како да играме финале. Многу нешта зависат од овие деведесет минути. Не е важно што играме против Македонија ЃП. Исто ќе се однесувавме и да беше било кој друг тим. Овој Вардар покажа дека заслужува да биде на врвот, да биде лидер, да биде најдобар, затоа што во изминатите 15 кола од оваа полусезона и беше тоа. Најдобар, лидер, покажа најмногу. Одиме денеска по победа, па на заслужен одмор“ – вели голманот на Вардар, Давор Талески, пред дуелот со „лавовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

