Вардар успеа со победа да ја заврши оваа 2022 година, откако во последниот меч успеа да слави над Кожуф со рутински 2-0, како најава за уште подобри изданија во новата 2023 година.
Дуелот се играше во невообичаен термин во петок во 13 часот, „Комити“ во знак на протест решија да не присуствуваат, а управата се жалеше за презафатеност на стадионите во тек на викендот, но тоа не пречеше за „вардарци“ да ја оправдаат фаворитската улога и да стигнат до посакуваните бодови.
Мицевски го најави триумфот со гол во првото полувреме, а конечните 2-0 ги постави Маркоски со погодок во 60. минута, по што водството беше рутински задржано до самиот крај.
Вардар со победата најмалку на 24 часа се искачи на првото место на табелата, сега има 36 бода, пред Гостивар со 34 и меч помалку, оној утрешниот во кој на домашен терен ќе го пречека составот на Караорман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА