Европската фудбалска федерација (УЕФА) парично го казни најтрофејниот македонски клуб Вардар поради пропустите на натпреварот против Ла Фиорита, одигран во Скопје во првото квалификациско коло од најмладото клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.
„Црвено-црните“ ќе мора да платат вкупно 30.000 евра и тоа 20.000 за употреба на пиротехника и дополнителни 10.000 евра поради политичка порака која беше забележана од делегатот на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

