Вардар ќе го чека пекол во Битола, билетите за дербито распродадени за неколку минути

Ракометарите на Е. Пелистер ќе имаат огромна поддршка за вечното дерби со Вардар што е на програмата в четврток, откако билетите за овој ракометен спектакл беа распродадени за само неколку минути.

Овој дуел ќе биде еден од најзначајните во трката за шампионската титула, јасно е дека „пелистерци“ со победа би направиле џиновски чекор напред кон одбрана на трофејот, а во прилог им оди што трибините на „Боро Чурлевски“ ќе бидат исполнети до последно место.

Нема сомнеж дека ракометарите на Вардар ќе ги очекува вистински пекол на ова вечно дерби, на кое „црвено-црните“ мораат да бркаат победа на жешкиот терен на противникот ако сакаат да ги престкокнат битолчани на табелата.

Се вчитува...