Вардар ќе игра против Малме во ЛШ

Македонскиот првак Вардар го доби за противник шведскиот шампион Малме во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ќе се обидат оваа сезона конечно да ја прескокнат првата пречка, откако тоа не им успеваше изминатите две години, со АПОЕЛ и со Динамо Загреб.

Малме е противник со кој Вардар може да се надигрува. Вардарци можеа да минат и полошо со ривалот, доколку го добиеја Селтик, а најпосакуван, барем на хартија, секако беше Хафнарфјордур. Во опција беа Селтик, Легија Варшава, Марибор, Розенборг и Хафнарфјордур, а нашиот шампион го доби Малме.

Шведскиот тим ќе биде домаќин на 11/12 јули, а вториот меч ќе се игра на 18/19 јули, кога Вардар ќе возврати со гостопримство, најверојатно во Струмица. Вардар имаше и јавно барање да му биде дозволено да игра во Скопје, на „Телеком Арена“, иако тоа оваа сезона не е можно поради подготовките на теренот за Суперкупот на Европа, на 8 август.

ДВОЈКИТЕ ЗА 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЗА ЛШ

site dvojki za 2. kolo ls

Се вчитува...