Вардар ќе игра СЕХА-четвртфинале на Денот на жената

За нов пласман на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во СЕХА лигата, Вардар ќе се бори со Нексе во двомечот закажан за 8 и за 15 март. СЕХА ги објави термините за четвртфиналните пресметки, а Вардар е домаќин на возвратниот натпрервар кој ќе биде на 15 март, седум дена порано ќе гостува во Нашице.

Последниот патник во четвртфиналето ќе го одреди осминафиналната пресметка меѓу Мешков Брест и Пекинг, но со оглед на квалитетот извесно е дека белорускиот тим ќе биде дел од најдобрата осумка и ќе се соочи со Мотор Запорожје. На преостанатите два дуела ќе играат Војводина-Веспрем и Загреб- Татран Прешов.

Вардар е бранител на трофејот во регионалното натпреварување во кое триумфираше во трите последни сезони, а вкупно во СЕХА има пет титули.

 

Се вчитува...