Ракометарите на Вардар ќе го бранат трофејот во Купот на Македонија откако очекувано загарантираа место на завршниот турнир со победа од 37-24 против Скопје 2020. Вардарци важеа за апсолутен фаворит на денешната средба, а улогата ја потврдија од самиот старт и без проблеми стигнаа до победа.
По изедначеното отварање на натпреварот „црвено-црните“ стигнаа до серија од 6-0 со која стигнаа до предност од 11-5, а до крајот на полувремето успеаја и да ја зголемат позитивата на 19-12. Скопје 2020 го отвори второто полувреме со два гола во низа за намалување на негативата на 19-14, но Вардар не дозволи гостите да се разиграаат. Брзо ја врати контролата на натпреварот, од минута во минута ја зголемуваше предноста па во еден момент стигна и до двоцифрена предност (29-19) по што следеше само мирен финиш на натпреварот.
Со девет гола Чувара беше прво име кај Вардар, а него го следеше Мишевски со осум гола. Митиќ со шест гола беше најрасположен кај Скопје, додека по четири додадоа Пешкирски и Киселовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА