„Црвено-црните“ доживеаја пораз од Брест Мешков во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, па во осминафиналето ќе се соочат со Веспрем.
Но, јасно е, како што на прес-конференцијата по мечот истакнаа и тренерот Стевче Алушовски и капитенот Стојанче Стоилов дека „вардарци“ ќе мора во од да се менуваат доколку сакаат далеку подобри резултати до крајот на годината. Да се менува и карактер, и на поединци и на колективот, и играта и визијата како треба екипата да изгледа на терен…
Денеска во „Јане Сандански“ борба и желба за успех имаше само на моменти во второто полувреме, кое, пак, го гледаа помалку пријатели на клубот на трибините од првото полувреме, откако полицијата се одлучи да испразни дел од салата поради недозволеното присуство на поголемиот број лица од дозволеното.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА