Вардар ќе се „лечи“ во градското дерби: Може ли Работнички да биде „мелем на раните“!?

Градската дерби пресметка меѓу Вардар и Работнички дефинитивно е најинтересниот дуел од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига кое се игра денеска од 13 часот.

„Вардарци“, по одличниот старт на сезоната, објективно притиснати и поради финансиската криза во клубот западнаа и во резултатска која од минатото коло ги донесе и до негатива од три бода во однос на првопласираната Шкендија. Само пет скромни бода запишаа „црвено-црните“ изминатива пет кола во шампионатот, што дефинитивно ги носи во ситуација раните да мора да ги „лечат“ против „романтичарите“.

Но, Работнички со игрите „топло-ладно“ исто така посакува позитивен резултат токму против Вардар со што значително и од психолошки аспект дополнително би се подигнала екипата на Жикица Тасевски….

„Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал, клубот секогаш заслужува максимален респект, но исто така секогаш е и голема мотивација за противниците. Не се сомневам дека нашите фудбалери ќе имаат огромен мотив за игра. Ќе биде тежок дуел, со оглед и на временските услови, но подготвени сме за предизвикот и одиме да освоиме бодови“ – вели шефот на стручниот штаб на Работнички, Жикица Тасевски.

ДВОЈКИ – 15. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – РЕНОВА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ

Турново: АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...