Вардар капитулираше – Шкендија со голема победа си оди од Скопје (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија дојдоа до голема победа на гостувањето кај Вардар од 0-1 во дерби натпреварот од 21. рунда од Првата македонска лига и со тоа му го нанесе првиот трофеј на „црвено-црниот“ тим во новата сезона.

И двата тима почнаа многу внимателно и без течност и динамика во играта. Па по 15 минути без ниту една шанса на теренот, на семафорот се уште стоеја почетните 0-0.

И во следниот период двата тима продолжија со истата игра, па не видовме никакви возбудувања на тренинг комплексто на ФФМ и по една половина од првото полувреме. Првата сериозна шанса во мечот ја имаа тетовци откако во 32. минута Трумчи биеше од непосредна близина, но Талевски одлично интервенираше и го спаси својот тим. До крајот на првиот дел мируваа мрежите па на пауза се замина со почетните 0-0.

Првата шанса во вториот дел ја имаа домаќините дури во 63. минута. По еден центаршут од прекин на Закариќ пред голот на противникот се најде Матиќ кој биеше лошо од непосредна близина, а неговиот удар го спречи голманот на гостите Гаје.

И после оваа шанса следуваше казна од гостите. Тетовци одиграа перфектна контра која одлично ја заврши Љатифи на асистенција на Бесарт Ибраими за водство од 0-1 во 66. минута.

Во 82. минута Данев убаво биеше од некои 16 метри, но повторно на висина на задачата беше голманот на тетовските „црвено-црни“, Гаје. Вардар се обидуваше до крајот да стигне до реми, но сепак не успеа, а Шкендија си замина со трите бода.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...