Вардар лесно до победа над Бутел

Очекувана победа на Вардар во дуелот со Бутел во рамките од 20. коло од ракоментата Суперлига. „Црвено-црните“ на крајот славеа на ова гостување со 34-23 (полувреме 12-20).

Уште од самиот старт Вардар имаше предност, која не ја испушти до крајот на мечот, а Бутел само одржуваше еден гол разлика некаде до 10. минута, а потоа „црвено-црните“ го направија првото одлепување, и до крајот само ја зголемуваа разликата.

Најефиксаен поединец беше Малуш кој постигна девет голови од десет обиди, а после него следуваа Боно и Мачиниак со по пет голови. Кај Бутел најефикасен беше Димитар Ѓорѓиевски кој постигна седум голови.

Се вчитува...