Серијата добри резултати на фудбалерите на Вардар продолжи и на денешниот прв дуел од 29. рунда во која „црвено-црните“ лесно стигнаа до цел плен на домашен терен против Беса, славејќи со 3-1.
Отпорот на гостите беше скршен пред крајот на првото полувреме, кога беше досуден пенал за Вардар што Закариќ го претвори во гол за водство. Истиот фудбалер на стартот од второто полувреме погоди за 2-0, а откако Стојановски намали на 2-1, печат на победата стави Мато Роџерс за конечни 3-1.
Импресивно делува податокот дека Вардар цели 13 натпревари не знае за пораз, што е најдолга серија на непобедливост во поновата историја на овој клуб, уривајќи го досегашното остварување на тимот под водство на Александар Васоски од сезоната 2012/20.
Останува да се види дали оваа серија ќе може да продолжи и во наредната рунда, кога „вардарци“ ги очекува незгодно гостување против тимот на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА