Ракометарите на Вардар со триумф од 25-30 се враќаат од гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш. „Црвено-црните“ апсолутно ја оправдаа фаворитската улога од овој натпревар, и на крајот можеа да слават и поубедливо, да не беше опуштањето во последните моменти, кога имаат позитива и од +7 голови.
Тиквеш добро го почна мечот, имаше или негатива од еден гол или нерешено, а во еден миг во 12. минута и се стекна со водство од 5-4. Сепак, тоа беше првата и единствена предност на натпреварот. Од тогаш па се до крајот доминираше Вардар, и не дозволи никакво изненадување.
Брзо Вардар стигна до предност од 5-9, па на полувреме замина со водство од 16-9.
Во второто полувреме Тиквеп немаше сили да се доближи и да фати резултатски чекор. Вардар само го зголемуваше водството, за на крај да дојде до плус седум 22-30, но во финишот Тиквеш успеа да постигне два гола и да намали.
Најефикасен беше Хорига со осум голови, додека кај Тиквеш по четири гола постигнаа Ахмед, Цејовиќ и Коцев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

