Вардар лесно го освои Кавадарци

Ракометарите на Вардар победнички го продолжуваат патот кон титула во македонскиот шампионат, откако лесно го совладаа Тиквеш на гостински терен во Кавадарци со 35-24.

Во ниту еден момент „црвено-црните“ не дозволија да бидат загрозени од домашниот тим. Брзо дојдоа до предност од четири гола, потоа во финишот дополнително ја зголемија на +6 во првите 30 минути (11-17).

Во вториот дел иста слика. Вардар брзо дојде до предност од +13 голови, за нра крај малку и да се опушти, па да му дозволи на противникот да го ублажи поразот.

Урош Митровиќ со осум голови беше најдобар кај Вардар, додека кај Тиквеш Стојановски постигна неверојатни 11 поени.

Се вчитува...