Вардар лесно го „прелета“ Тиквеш

Ракометарите на Вардар остварија лесен триумф над Тиквеш во плеј-офот во ракометната Суперлига со 32-24.

Вардарци имаа мали проблеми само на стартот од мечот, кога тимот од Кавадарци држеше „егал“, па дури и се најде во водство на неколку пати, а потоа со серија Вардар направи разлика од +6 на полувреме (16-10).

Во вториот дел Вардар додаде гас, и набрзо дојде до најубедливата предност од +12 разлика (29-17). Меѓутоа многу измени во составот и опуштање, придонесоа Тиквеш само да ја намали разликата.

Најефикасен кај Вардар беше Стефан Петриќ со седум голови, додека кај Тиквеш шест постигна Спасоје Гачевиќ.

Се вчитува...