Вардар лесно преку Струга до Ф4 од Купот на Македонија

Вардар е последниот учесник на фајналфор турнирот во Купот на Македонија, откако во денешниот четвртфинален натпревар славеше на гостувањето против Струга со 24-29.

Тренерот Парондо одмори дел од првотимците за дуелот со Пик Сегед, но „црвено-црните“ сепак без мака стигнаа до посакуваниот резултат поведувајќи со 11-19 во првото полувреме, па потоа рутински одржувајќи ја предноста до крајот на мечот. Мартин Поповски со осум и Дмитри Кисељев со седум гола беа најдобри поединци во таборот на Вардар, кој е бранител на трофејот во Купот на Македонија.

Пред „вардарци“, своето учество на фајналфор турнирот од ова натпреварување го обезбедија и Металург, Работник и Бутел.

Се вчитува...