„Вардарци“ победата ја осигураа со поквалитетната игра на стартот од второто полувреме кога беше формирана пресудна предност за триумф.
По израмнетото прво полувреме кое заврши со 14-13, на почетокот од вториот дел избраниците на Веселин Вујовиќ со серија од 8-2 создадоа предност која противникот не можеше потоа до крајот да ја анулира.
Вардар во утрешното финале на „Хумел купот“ ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу бундеслигашот Магдебург и словенечки Горење кое се игра од 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА