Ракометарите на Вардар дојдоа и до десеттиот триумф сезонава во Суперлигата на Македонија за задржување на лидерското место на табелата во Групата Б.
„Вардарци“ без апсолутно никаков проблем славеа со 36-26 (15-9) против Прилеп во меч во кој најефикасни во црвено-црниот состав беа Милан Лазаревски и Мартин Карапалевски со по осум постигнати гола.
Тиквеш, пак, во Групата А исто така дојде до десеттата победа сезона убедливо славејќи против Куманово со 37-21 (19-11).
Тиквеш по оваа победа со 10 победи и еден пораз се зацврсти на втората позиција на табелата, веднаш зад Алкалоид кој е со максимален број победи од 11 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА