„Вардар-лига“ и Минибаскет-фестивал: Викенд за уживање на најмладите

Се поголема е борбата за врвот во различните генерации од „Вардар-лигата“, каде со фајналфор ќе се реши победникот во генерациите 2003 и 2005, додека најдобрите две екипи од табелата во генерацијата 2001 меѓу себе ќе играат финале. Викендов се одиграа три натпревари кои донесоа интересна кошарка, како најава за возбудувањата што ќе следат по велигденските празници.

(ген 2005) КК МЗТ Скопје – КК ФМП Академија 43:64

КК МЗТ Скопје : Ѓуроски 2, Деспотовски 13, Јовчевски, Ангелевски, Деспотовски А., Петровски 3, Христовски 12, Томев 7, Гигов 6.

КК ФМП Академија: Кечевски 2, Стојанов 2, Јаневски 7, Андоновски 2, Коцев, Буклишев 14, Јосев 4, Дамчевски 2, Стојановски, Милошевски 4, Стојановиќ 4, Ангеловски 4, Иванов 4, Ванчов 10, Магеровски 5

(ген 2003) КК Дрим  Тим (Вардар) – КК МЗТ Скопје 56:49

КК Дрим Тим (Вардар) : Николовски 9, Трпковски 5, Чекаловски 2, Јакимовски, Димовски 7, Тодев 8, Драгутиновиќ 2, Костовски 1, Јованоски 11, Трифунов 6, Бошковски 3, Цветановски 2

КК МЗТ Скопје: Шишковски 6, Константиновски 2, Деспотовски 12, Тентов 7, Штерјов 3, Спасовски 4, Тонев 2, Христовски 2, Милковски 2, Ајтовски, Преспановски 6, Трајков 3

(ген 2005) КК Вардар – КК Гостивар 2009 59:89

КК Вардар: Бирбаш 4, Дојчиновски, Миндошев 21, Гајсев, Керметчиев, Василевиќ 7, Белески 6, Костов 5, Митревски 4, Фриковски, Тодев 12

КК Гостивар 2009: Цветаноски 4, Анастасоски 8, Наумоски 22, Рушити, Алили 1, Наумчески 2, Кироски 2, Алексоски 5, Наумоски 15, Митевски 5, Манојлоски 13, Анастасоски 6, Наумовски 6, Каранфилоски

Во неделата (01.04.2018) и најмалите минибаскетџии го одиграа третиот Минибаскет Фестивал за оваа сезона. Екипите на МВП Скопје, Ангели, Вардар, Петрески (Гостивар) ни прикажаа одлична игра , а овие млади кошаркари се секогаш “мелем за очи”.

Наредниот викенд имаме пауза, поради Велигденските празници, па на теренот се враќаме на 15.04.2018.

Се вчитува...