Вардар минимално поразен од Томск

Фудбалерите на Вардар на вториот подготвителен натпревар што го играа во Анталија го претрпеа и првиот пораз, од рускиот состав Томск со минимални 1-0.

Охрабрени по стартната победа над СКА Ростов од 2-0, „вардарци“ со самодоверба влегоа во мечот, но добија „ладен туш“ откако по само осум минути игра Томск успеа да ја затресе нивната мрежа. И покрај обидите за камбек, Вардар по неколкуте неискористени шанси на крајот го загуби натпреварот од кој избраниците на Глигоров сигурно ќе извлечат поука.

Следен ривал на „вардарци“ во овие подготовки ќе биде рускиот прволигаш Динамо Москва.

Се вчитува...