Ракометарите на Вардар си запишаа очекувано убедлива победа над Радовиш од 33-12 во 14. коло од Суперлигата, како загревање за дерби дуелот со Пелистер кој сега ги очекува „црвено-црните“.
Уште во првиот дел „вардарци“ поведоа со 19-9 за да во второто полувреме следи уште поголема доминација на домашните кои дозволија само три постигнати гола за радовишани.
Родригез со седум гола беше најефикасен кај Вардар, а пет запиша Петриќ. Петров, Јанковски, Трајанов и Ончев имаа по два гола кај Радовиш.
Тиквеш се мачеше против Куманово на гостински терен, но успеа да слави со 26-29.
Најефикасен во победничкиот состав беше Евгениј Темелковски со седум гола, а Давид Димовски постигна девет погодоци во составот на Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

