Вардар му посака добредојде и на Гамбиецот Сусо (ФОТО)

По ангажманот на хрватскиот интернационалец Михаел Бришки, фудбалскиот клуб Вардар денеска ја официјализираше и соработката со Гамбиецот Кеба Кебел Сусо.

Дваесетишестгодишникот го засилува најтрофејниот македонски фудбалски клуб од екипата на Јадран Декани од Словенија каде постигна 7 голови на 12 натпревари, а во досегашниот тек на кариерата настапувал и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта.

Се вчитува...