Ракометарите на Вардар го совладаа Тиквеш на домашен терен со 29-25, и за момент го зазедоа првото место на табелата во Првата лига. Вардарци речиси во целиот тек на мечот водеа, но немаа поголема предност од четири гола, се до финишот кога стигнаа и до пет, но на крајот Кавадарчани намалија на четири гола.
Гостите добро се држеа, не му дозволија на Вардар да има мирен крај на мечот. Шансата за добар резултат ја пропуштија на средината на вториот дел, кога се доближија на противникот на само еден гол. Но, „црвено-црните“ брзо зголемија на три гола, најавувајќи ја победата.
Јасухира со девет гола беше најефикасен кај Вардар, додека кај гостите Мијатовиќ погоди седум пати.
Вардар ќе биде лидер барем до утрешната средба во Охрид. Вардарци сега ќе навиваат за Охрид во дуелот со Еурофарм Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА