Актуелниот ракометен првак на Македонија, Вардар го задржува максималниот ефект во домашниот шампионат откако во дуелот од 7.коло убедливо славеше над Бутел со 28-20. Вардар сега е во можност веќе в понеделник со евентуална победа во пресметката со Еурофарм и теоретски да дојде до одбрана на титулата.
Кристијан Дисингер најави дека ќе се бори за трофејот на Ф4 турнирот, играше против Бутел и постигна пет гола и беше втор на листата стрелци во комбинираниот состав на Вардар во кој најефикасен беше Дмитри Кислејев кој постигна 10. Велјко Давивдовиќ го предводеше Бутел со пет погодоци.
Вардар сега има масимални 21 бод на врвот на табелата, шест повеќе од Еурофарм кој попладне го игра градското дерби со Пелистер.
Металург рутински се справи со Тинекс Пролет, славеше со 41-27 во натпревар во кој уште на полувремето беше извесно кој е победникот со оглед дека тимот од Автокоманда имаше осум гола предност на паузата. Водеше со 20-12. Шпенде со седум гола беше прв стелец кај Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА