Вардар на колена пред Е. Пелистер – трофејот од Струга за битолчани (ФОТО)

Ракометарите на Е. Пелистер ја добија првата супер-пресметка со Вардар, по промената на составите, амбициите и организациската поставеност на двата клуба. Во финалето на турнирот „Струга 2020“, битолчани славеа со 26-23 против „вардарци“.

Натпреварот почна максимално израмнето без позабележителна предност за ниту една од двете екипи, па на полувремето се замина со 13-13.

Но, во вториот дел комплетна доминација на „зелените“ кои го надиграа лутиот ривал за конечна победа од 26-23.  Е.Пелистер во второто полувреме имаше и предност од 23-18, но на крајот за три гола разлика. На оваа средба во составот на Вардар не беа Кристијан Дисингер и Робин Катрегел.

Мечот во Струга го одбележа и немилиот инцидент на крајот од средбата. Настана мешаница на теренот, откако Талески влезе во дуел со Кушан, Стоилов се обиде да ги раздели, а на крајот од сето тоа Талески доби црвен картон.

Се вчитува...