Вардар на „респиратор“ – се одржуваат шансите за прволигашки живот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Црвено-црните фудбалери иако оставени сами на себе, единствено со поддршка од „Комитите“, се решени се до последниот натпревар да ги одржуваат живи шансите за опстанок во прволигашката конкуренција.

„Вардарци“ ремизираа со Ренова во натпреварот од 27. коло останувајќи во игра за избегнување на претпоследната позиција која води директно кон Втората лига. Иако гостите денеска поведоа на националната арена „Тодор Проески“, Мартин Мирчевски со погодокот успеа да извлече реми.

 

 

Се вчитува...