Вардар на само еден чекор од титула по триумфот над Т. Пролет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар се на само еден чекор од нова титула во македонскиот шампионат откако славеа на гостувањето против Тинекс Пролет со 22-28.

„Вардарци“ триумфираа многу потешко од очекувањата против расположените за игра домаќини кои потклекнаа во последните минути од средбата, откако цели 50 минути се играше рамноправен натпревар.

Тинекс Пролет поведе на самиот старт од мечот за да „вардарци“ потоа полека ја презедоа контролата врз играта и резултатот, и на полувремето заминаа со предност од три гола (11-14).

Во второто полувреме, повторно одлична игра на Т. Пролет во првите 15 минути за да во 45. минута се дојде до 19-20, и со одличен напад на домашните за израмнување кој остана нереализиран. Па, Чупиќ казни во следниот напад, а погодија и Јотиќ и Валчак, за 19-22.

На десетина минути до крајот беше 20-25 и веќе беше јасен победникот на мечот.

За Вардар во последното коло останува уште средбата со Металург, на која доколку слават, ќе ја освојат шампионската титулата, а Тинекс Пролет за потврда на третото место и излезот во Европа треба да слави на гостински терен против Струга.

 

Се вчитува...