Ракометарите на Вардар се на само еден формален чекор до освојување на 11. титула во првенството на Македонија, откако во 9. коло, претпоследно во плејофот во Супер лигата, во Скопје го победија Охрид со 38-23 (20-13).
Гостите на почеток од средбата поведоа дури со 3-1, а држеа чекор се до 10-9. Потоа Вардар презеде се во свои раце и зголеми на 15-9, како најава за новиот планиран триумф.
По само десет минути од второто полувреме „вардарци“ дојдоа до плус 10, (28-18), за да потоа рутински се се сведе на убедлив триумф.
Најефикасен кај Вардар беше Душебаев со седум погодоци, Шишкарев постигна – шест, а по пет гола постигнаа Борозан и Дибиров. Кај Охрид, Адамовиќ и Кобетиќ беа најефикасни со по пет постигнати погодоци, а Кежиќ постигна четири гола.
За Вардар сега останува со триумф на гостувањето против Борец во последното коло да ја одбележи новата шампионска круна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА