Вардар на шопинг во Тинекс Пролет за наредната сезона

Иако сезоната е во тек, и Вардар е лидер во својата група во првиот дел од сезоната, клубот веќе работи на засилувања за следната сезона. „Црвено-црните“ планираат да имаат тим составен од повеќе македонски репрезентативци и квалитетни странски засилувања со кои ќе може да бидат конкурентни на меѓународна сцена.

Првите две засилувања за „црвено-црните” кои потпишаа на две сезони со можност за продолжување се стандарниот репрезентативец Томислав Јагуриновски, и Михаил Аларов кој е на поширокиот список на репрезентацијата. Со тоа се зголемува бројот на македонски репрезентативци, а плановите на клубот околу засилувањата на застануваат тука.

И покрај понудите од други клубови, двајцата ракометари решија да му се приклучат на Вардар. Јауриновски по две сезони повторно ќе биде дел од Вардар, и тој е дете кое потенува од школата на клубот. По една полусезона мината на Исланд се врати во Македонија, а од следната сезона пак ќе биде дел од Вардар. Михаил Аларов доаѓа од екипата на Пролет и важи за еден од перспективните пивотмени во првенството.

Се вчитува...