Македонскиот ракометен вицешампион Вардар на самиот крај на месец јануари ќе настапи на силниот турнир Labin Handball Cup 2026“ кој ќе се одржи во Лабин, Хрватска.
„Црвено-црните“ во првиот предизвик силите ќе си ги одмерат со словенечкиот Слован Љубљана, по што следи и натпреварот со една од екипите на Загреб или Сесвете кои меѓусебните сили ќе си ги одмерат во второто полуфинале.
За Вардар ова ќе биде одлична можност да ги провери формата и тактичките решенија против силни ривали од Словенија и Хрватска, но и шанса стручниот штаб да им даде повеќе минутажа на сите играчи пред продолжението на сезоната во домашното првенство и европските настапи.
Вардар ќе отпатува во комплетен состав, само Николас Боно ќе отуствува бидејќи доби слободно до 1. февруари по настапот за Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

