Вардар потешко од очекувањата, со погодок од прекин, благодарение на индивидуален потег дојде до победа од 1-0 против Работнички во првиот натпревар од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига.
На дуелот кој се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје, „црвено-црните“ до трите бода дојдоа благодарание на евро-голот на Србинот Цветковиќ во 24. минута од средбата.
Претходно, на самиот старт капитенот Азер Омерагиќ имаше две убави можности, но дирекот од голот на Работнички уште во 3. минута не дозволи негов погодок, а потоа по убав обид со глава, на место беше противничкиот голман.
Сепак, Цветковиќ извонредно погоди во 24. минута за 1-0, директно од слободен удар со мајсторски шут од околу 22 метри…
Во второто полувреме, Вардар имаше уште две можности да дојде и до поубедлива победа, но за малку останаа нереализирани шансите на Омерагиќ и Закариќ. На крајот, за конечни 1-0, и повторно предност на „вардарци“ од четири бода на врвот од табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

