Вардар најави слободен влез за мечот со Охрид

Ракометниот клуб Вардар најавува дека на натпреварот со Охрид за мечот кој ќе се игра на 2. април во 18 часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, влезот ќе биде слободен.

Ова го прават „црвено-црните“ за да има повеќе публика во мечот, кој може да се покаже како одлучувачки за освојување на титулата во домашното првенство.

„Вардар продолжува со борбата за враќање на титулата, а следниот предизвик во домашното првенство носи уште една голема пресметка – дуел против Охрид. На 2 април, во 18 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, клубот го очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула. На тој натпревар ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН ЗА СИТЕ! Клубот упатува апел до сите кои го поддржуваат, дека ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја поддршка и од полни трибини. Вардар се бори за враќање на титулата во Скопје, а токму ваквите натпревари се оние што ја прават разликата. Затоа ги повикуваме сите, „Да ја наполниме салата.Да создадеме атмосфера каква што само Вардар знае. Да бидеме осмиот играч на теренот.“, стои во објавата на РК Вардар.

Се вчитува...