Вардар најави уште еден важен потпис за следната сезона

Вардар денеска заврши фантастична работа со потписот на Филип Талески за наредната сезона, а „црвено-црните“ попладнево најавија уште една значајна работа во формирањето на ростерот.

Вуко Борозан ќе продолжи да ги брани боите на двократниот европски првак откако двете страни имаа успешни преговори и се на чекор до потпис на нов договор.

„ Нашите напори да имаме уште посилен тим се исплатеа бидејќи донесовме квалитетни играчи, и ги задржавме оние со кои успеавме да се договориме за продолжување на соработката. Можам да потврдам дека на бековската позиција ќе бидеме навистина силни, со доаѓањето на Талески, но и со задржувањето на Дмитро Горига и Вуко Борозан. Украинскиот бек го продолжи договорот, а со Борозан сме речиси договорени, и остануваат детали пред официјално да го потврдиме, вели Андрија Нунев, директорот на Вардар.

„Јака Малуш се приклучува кај плејмејкерските, со отворено прашање за дополнитена опција на оваа позиција. На десната позиција сега го имаме Марек Марчинијак, и Урош Митровиќ како засилувања,. Наскоро ќе ги споделиме сите детали за тимот со кој ќе настапуваме следната сезона. Сите официјално потврдени засилувања ќе ги објавиме на нашите официјални канали за комуникација“, додаде Нунев.

Сега за клубот претстои настап на Ф4 турнирот во Купот, каде во полуфиналето се среќава со бранителот на трофејот, РК Алкалоид. Потоа уште две кола од плејофот, од кои најважен е оној последниот против Еурофарм Пелистер во Скопје, на 7 или 8 јуни кој ќе решава за шампионската титула.

Се вчитува...