Вардар по првиот дел не успеа да го „отвори“ тимот на Ла Фиорита, и на полувремето заминува без предност. 0-0 е на паузата меѓу полувремињата.
Доминацијата во поседот на топката не даде плод. За овој резултат голема „вина“ има и противникот од Сан Марино, кој игра дисциплинирано во одбраната, и имаше голман кој двапати го спасуваше својот гол од налетите на „црвено-црните“.
Првата посериозна шанса дојде во 28. минута. После една долга акција, Омерагиќ и Маневски проиграа, по што Маневски шутираше во долниот лев агол, Заволи во последен момент одбрани во корнер.
На вториот голем момент се чекаше до 44. минута кога ударот од далечина на Закариќ одлично го одбрани Заволи во уште еден корнер.
Гостите од Сан Марино немаа ниту една сериозна закана по голот на Талески. Вардар ќе мора да нападне поагресивно во второто полувреме за да дојде до победата, затоа што очигледно е дека Ла Фиорита игра трпеливо, дисциплинирано и без респект кон противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

