Вардар не успеа да излезе како победник од трката за Стефан Додиќ откако Загреб објави дека хрватскиот првак успеал да го доведе екс-ракометарот на Металург и Охрид во своите редови, на позајмица од Киелце.
Додиќ од летово и официјално стана нов играч на полскиот гигант, но јасно беше дека Душебајев нема да смета сериозно на него сезонава, туку ќе биде испратен на позајмица. Во Вардар беа задоволни од настапите на младиот српски ракометар во вториот дел од ланската сезона, „црвено-црните“ покажаа интерес да го доведат Додиќ на позајмица на една сезона, но шансите за ваков трансфер се сведоа на теорија откако тимот не доби шанса да се натпреварува во Лигата на Шампионите.
Загреб попладнево објави дека е постигнат целосен договор со Киелце и 19-годишниот Додиќ следната сезона ќе ја мине во дресот на хрватските „плинари“.
Додиќ е вториот ракометар кој до лани го носеше дресот на Вардар, а летово се сели во Загреб, по легендарното руско крило Тимур Дибиров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

