Второлигашот Вардар Неготино преку официјално соопштение се извини до јавноста за вчерашниот инцидент по завршувањето на мечот со ГФК Охрид во Втората лига кој се играше во Неготино.
Како што е познато, неслужбени лица ги нападнаа фудбалерите на Охрид по крајот на натпреварот поради што ФФМ денеска го суспендираше теренот во Неготино. Па, од Вардар Неготино информираат дека натпреварот со Башкими како домаќинИ ќе го играат на СЦ „Пандев“ во Струмица, в сабота од 14 часот, без присуство на публика.
СООПШТЕНИЕ ОД ГФК ВАРДАР НЕГОТИНО ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:
Од името на ГФК Вардар Неготино како управен одбор сакаме да го истакнеме нашиот став за настанатата ситуација по натпреварот одигран на домашен терен во рамките на 4. коло од 2МФЛ.
Како управен одбор кое е највисоко тело во клубот, сакаме јасно и гласно да се изјасниме дека СЕ ОГРАДУВАМЕ И ЈА ОСУДУВАМЕ ЛИЧНОСТА КОЈА ШТО ГО НАПРАВИ ВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ. НЕГОТИНО И ВАРДАР СЕКОГАШ БИЛЕ ДОБРИ ДОМАЌИНИ И ИСТО ТАКА САКАМЕ ДА УПАТИМЕ НАЈИСКРЕНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЕКИПАТА НА ФК ОХРИД ЛИХНИДОС!
Ве известуваме дека нашиот клуб со одлука од ФФМ доби суспензија на нашиот градски стадион. Па така, наредните натпревари од 2МФЛ наместо во Неготино на домашен терен со свои навивачи и своја публика, нашиот клуб ќе ги игра во С.Ц. “Пандев”во Струмица БЕЗ ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА. Во сабота натпреварот помеѓу ФК Вардар Неготино и ФК Башкими ќе се одигра во Струмица со почеток од 14 часот.
Вардар Неготино е клуб кој што назад низ историјата не бележи никаква ваква слична ситуација, тврд клуб низ кој поминале одлични фудбалери и кој сеуште има такви! А ние, ќе се крениме од ова и ќе гледаме само напред.
ГФК ВАРДАР НЕГОТИНО
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА