Вардар Неготино дојде до вториот триумф во Супер лигата, откако на домашен терен го совладаа тимот на Прилеп со 32-28.
Неготинци одиграа одличен прв дел, кој на крајот се покажа како клучен за обезбедување на победата во овој натпревар. И покрај тоа што во вториот дел имаа мали проблеми, а згора на тоа им се повреди и Ѓорѓи Оршеков, сепак Вардар не дозволи да се загрози нивната победа.
Митевски и Адамовиќ со седум гола беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Бикоски и Квастек кај гостите со пет беа најдобри на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА