Екипата на Шкупи славеше во скопското дерби со Вардар со 3-0. Сите три гола ги постигна во вториот дел, и така чаирскиот тим ја продолжи битката за титулата во ПМФЛ.
Дуду, Трапановски и Гронер ги постигнаа трите гола против Вардар, кој овојпат немаше сила да му парира на расположениот домаќин. Вардарци и натаму ја продолжуваат борбата за опстанок.
Натпреварот двете екипи го завршија со по 10 играчи, откако и Вардар и Шкупи добија црвени картони, односно Ристовски и Рватубјаје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА