Одбојкарите на Вардар го освоија четвртото место на турнирот што се одржуваше во Ниш, откако македонскиот претставник претрпе минимален пораз од Рибница од 2-3 во сетови.
„Вардарци“ прикажаа многу подобра игра отколку на премиерниот натпревар против Ниш, одлично му парираа на квалитетниот ривал, но немаа сили да го издржат темпото во тајбрејкот во решавачкиот сет. Рибница го доби првиот сет со 25-18, „црвено-црните“ возвратија и славеа во вториот со 29-27, повторно српскиот тим поведе откако славеше во третиот сет со 25-22, за Вардар повторно да израмни добивајќи го четвртиот дел од мечот со 25-19.
Во клучните моменти сепак пресуди поголемиот ростер на противникот, кој триумфираше со 15-8.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА