Вардар немаше сили за повеќе од едно полувреме со моќниот Кил

Вардар продолжува да тоне во Лигата на Шампионите откако на гостувањето кај Кил „црвено-црните“ го претрпеа и шеттиот пораз едно по друго во најсилното ракометно натпреварување. Македонскиот тим успеа да му парира на фаворизираниот противник само во првото полувреме по кое германскиот состав имаше резултатска контрола, одолеа на налетот на македонскиот претставник и сосема заслужено стигна до победа од 32-30.

По изедначената игра во воведните минути (5-5) со серија од 5-1, Кил успеа резултатски да се одлепи, меѓутоа ни Германците не успеаја да го задржат доброто темпо. Вардар не се предаде, напротив одигра одлично во одбранта со која ги запре домаќините, а реализираше во нападот па не само што го запре налетот на Кил, туку и успеа да изедначи на 13-13. Домаќините набргу ги консолидираа своите редови па заиграа подобро во одбраната со што стигнаа до нова предност од два гола која беше задржана и на полувремето (18-16).

Вардар добро го започна и второто полувреме со што преднсота на Кил беше сведена на само еден гол во два наврати, но избраниците на Вујовиќ не успеаја да стигнат до ново изедначување. Следеше далеку подобра игра на германскиот состав кој од минута во минута ја зголемуваше предноста, а со серијата од 5-0 стигна и до највисоката предност од 26-19. Избраниците на Веселин Вујовиќ до крајот на мечот се обидоа да се вратат во игра и стигнаа до негатива од два гола, но немаа сили за изненадување.

Предводник на Вардар со 9 постиганти гола од исто толку обиди беше Анте Кудуз, Џереми Тото додаде шест гола, а со по два постигнати гола мечот го завршија Стоилов, браќата Нјокас, Куни, Диало, Талески и Дибиров. Кај домаќините осум гола постигна Сандер Сагосен.

Се вчитува...