Вардар го претепе вториот пораз на подготвителните мечеви во Анталија. Денеска Динамо Махачкала беше подобар ривал и славеше со 3-0.
Вардар добро го отвори мечот, нападна и го натера рускиот тим да се брани. Меѓутоа како одминуваше времето, Динамо ја презеде иницијативата и дојде шансата откако ја погодија пречката. Во 23 минута по изведен корнер, стоперот Аларкон со удар од волеј погоди во мрежата на Ќосевски.
Во 38. минута пенал за Динамо. Грешка на Јанкулов, еден од играчите во поволна позиција по што Сенгор направи пенал. Сигурен реализатор Мохамед Ази за 2-0, резултат кој остана на полувремето.
Во вториот дел имаше измени во двата тима. Се играше главно на средината на теренот, се до 81. минута кога Динамо поведе со 3-0. По изведен корнер во мешаницата најдобро се снајде Џапо кој ја испрати топката под пречката на Талески што беше и конечен резултат на мечот.
Првиот меч Јаблонец со 6-2 го победи Вардар, а на втората Вардарци ремизираа со Андијон 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

