Вардар вечерва го пречекува Пик Сегед (18 часот) во еден од неколкуте одложени натпревари од 2020 година што „црвено-црните“ ги презакажаа за месец февруари. По одложените гостувања против ПСЖ и Фленсбург, „вардарци“ имаа доволно време во Скопје да се подготват за овој дуел со унгарскиот вицепрвак, кој нема убави спомени од досегашните гостувања во Македонија.
Имено, Вардар досега четири пати го има пречекано Пик Сегед, при шти „црвено-црните“ имаат забележано четири победи со најмалку три гола разлика. Јасно е, желба на „црвено-црните“ е оваа серија да продолжи во обид да се изборат за што подобар пласман во групата во пресрет на нокаут-разигрувањето во осминафиналето од елитното европско натпреварување.
„Не очекува една тешка борба против Пик Сегед за двата бода. Можам да кажам дека без разлика на резултатите кои ги постигна во првата полусезона, Сегед е еден многу квалитетен тим, кој претендира да игра Ф4. Ние добро ги анализиравме, ете имаме уште два дена да се подготвиме за тоа што не очекува, како во играта во одбрана, така и во напад. Се надевам дека позитивно ќе одговориме на сите задачи, односно играчите ќе го исполнат она што ќе го договориме пред натпреварот. Оптимист сум, сакам да се претставиме во едно добро светло, да видиме до каде сме, да не ни се повторат оние почетнички грешки против Порто, кои не чинеа два бода“, истакна тренерот Стевче Алушовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

