Вардар низ подобар финиш го совлада Бутел во Купот на Македонија

Ракометарите на Вардар се пласираа во финалето на четвртфиналната група од Купот на Македонија која се игра во Битола, откако во полуфиналната пресметка беа подобри од екипата на Бутел со 33-30.

„Вардарци“ до триумфот дојдоа благодарение на подобриот финиш во последните седум минути, иако дотогаш натпреварот беше постојано израмнет резултатски.

На мечот против Бутел, најпрецизен беше Мигуел Пинто со 9 гола, Лар Коиј постигна осум гола, а Дмитро Горига заврши со седум погодоци.

Во финалето на четвртфиналната група, за место на Фајнлфор турнирот, вечерва од 19 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, Вардар ќе игра против екипата на Е. Пелистер 2.

Се вчитува...