Вардар носи нов Србин, татко му во 2015 се пензионираше во црвено-црниот дрес

Вардар е на добар пат да доведе уште еден српски ракометар во своите редови, откако веќе извесно време преговара за ангажман на Стефан Петриќ. Станува збор за 22-годишен ракометар кој настапува за белградски Партизан на позицијата лев бек и би требало да стигне како замена за Филип Талески, кој на крајот од сезонава ќе се пресели во Бенфика.

Она што е интересно, Стефан е син на Владимир Петриќ, одличниот „бомбардер“ кој своевремено настапуваше во мак-ракометот, па токму во дресот на Вардар во 2015 година ја заврши кариерата.

Договорот на Стефан Петриќ со Партизан истекува на крајот од оваа сезона, а „црвено-црните“ се надеваат дека ќе успеат да обезбедат потпис за најмалку две години соработка со овој талентиран играч. За неговите услуги се интересира и португалскиот гигант Порто, но „вардарци“ се оптимисти дека ќе успеат да излезат како победници од оваа трка.

Се вчитува...