Вардар носител во квалификациите за ЛЕ, и Работнички би бил ако стигне до Европа

Вардар ќе биде носител во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа оваа сезона. Согласно УЕФА рејтинг коефициентот, „црвено-црните“ и дефинитивно во летната европска сезона ќе бидат во повластена улога.

„Вардарци“ се со УЕФА коефициент од 5.000 што ги сместува на листата на носители, па во првите две квалификациски кола за Лигата на Европа дефинитивно ќе имаат исклучително лесни противници. И оваа сезона во Европа, како и претходните, за да се стигне до групите од Лигата на Европа ќе треба да се минат четири квалификациски кола.

Од македонските екипи, доколку успее да обезбеди европски излез единствено уште Работнички (со рејтинг коефициент 3.250) би бил на листата на носители во 1. квалификациско коло за ЛЕ.

Силекс има коефициент од 1.500, со што ќе биде на аутсајдерската листа во првото квалификациско коло, а сосема еднакво е и со Пелистер (кој има шанса преку Купот на Македонија да обезбеди европска сезона), Ренова, Академија Пандев или Шкупи – доколку се изборат за место на европската сцена.

Се вчитува...