Македонскиот шампион, екипата на Вардар очекувано лесно со 14-27 (6-14) славеше против Охрид на гостувањето во преполната сала „Билјанини Извори“ во Охрид на стартот од плеј-офот во ракометната Супер лига.
По почетното испитување на силите, „вардарци“ по само 15 минути се одлепија резултатски од противникот за да на полувремето се стигне до убедливи 6-14.
Со истото темпо се продолжи и во вториот дел, за да конечно се стигне до триумф од 13 гола разлика.
Најефикасен кај Вардар беше Иван Чупиќ со седум гола, а Тимур Дибиров постигна 4 погодоци. Кај охриѓани Јане Јанчев запиша три гола а по два постигнаа Иван Тасески, Марко Кобетиќ и Бобан Блажески.
Во 2. коло од плеј-офот Охрид гостува против Металург кој во ова коло го совлада Пролет.
ФОТО: Емилио
www.ohridnews.com.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА