Двократниот европски шампион Вардар утре ќе ги дознае противниците во групната фаза од второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.
„Црвено-црните“ од вториот шешир ќе ги чекаат противниците во групната фаза од Лигата на Европа. Алкалоид доколку го мине Хановер во квалификациите од третиот шешир ќе го добие својот противник.
Шешир 1: Фленсбург (Германија), Мелсунген (Германија), Монпелје (Франција), Порто (Португалија), Гранољерс (Шпанија), Фредериција (Данска), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Кристијанштад (Шведска)
Шешир 2: Нексе Нашице (Хрватска), Потаиса Турда (Романија), Фрам (Исланд), Ференцварош (Унгарија), Вардар (Македонија), Островија (Полска), Татран Прешов (Словачка), Слован Љубљана (Словенија)
Шешир 3: Кил (Германија), Тулуз (Франција), Адемар Леон (Шпанија), Бенфика (Португалија), Хановер (Германија)/Алкалоид (Македонија), Скандерборг (Данска)/Мадеира (Португалија), Елверум (Норвешка)/Торелавега (Шпанија), Морс (Данска)/Сен Рафаел (Франција)
Шешир 4: Берн (Швајцарија)/Чаковец (Хрватска), Савехоф (Шведска)/Малме (Шведска), Дуго Село (Хрватска)/Сесвете (Хрватска), Баја Маре (Романија)/Стјарнан (Исланд), Хробри Глогов (Полска)/Карлскрона (Шведска), Горење Велење (Словенија)/Криенс Луцерн (Швајцарија), Бидасоа Ирун (Шпанија)/Брага (Португалија), Партизан (Србија)/Карвина (Чешка).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

