На стартот на вториот дел, поточно во 48. минута од финалето на Купот на Македонија, Вардар поведе и со 2-0 против Струга ТЛ. Повторно стружани немаа решение за Михаил Талевски, кој од 11-12 метри погоди во голот на Ќосевски.
Истиот играч во 26. минута погоди и за водство на „црвено-црните“.
Ова е огромна предност за Вардар во финалето, кој полека оди кон освојување на трофејот во ова натпреварување. Сега за стружани следува тешка задача, односно ќе мора да најдат брзо решение и што порано да постигнат гол, ако сакаат да се вратат во игра за прв трофеј во Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

