Вардар ослабен на пат за Порто

Вардар врза две победи во СЕХА-лигата, но вистинските предизвици за „црвено-црните“ допрва претстојат со серијата тешки гостувања што почнува со дуелот против Порто в четврток.

„Црвено-црните“ тргнаа на пат кон Софија, од каде ќе летаат преку Франкфурт до Португалија, а Алушовски за овој дуел нема да може да смета на тројца ракометари, Кристијан Дисингер, Марко Мишевски и Робин Кантегрел. Германецот Дисингер се повреди на СЕХА-дуелот со Војводина и повторно ќе мора да паузира од терените, a во негово отсуство се очекува поголема минутажа да добие Филип Талески, кој одигра одлично синоќа против Нексе.

Кизиќ ќе биде резерва на Борко Ристовски во ситуација кога Кантегрел е „во аут“, додека Мишевски секако не добиваше преголема минутажа кај тренерот Алушовски од стартот на сезонава.

Се вчитува...